Јавната Установа Национален парк „Галичица“ ќе подготвува сеопфатна дата база со идентификувани нелегални објекти на целата територија на паркот.
Во план е да бидат опфатени околу 1000 хектари на урбани делови во паркот кои ќе бидат сликани со дрон. Потоа со помош на софтвер истите ќе бидат составени во карти со висока резолуција. Во соодветна програма ќе се врши анализа и идентификација на сите илегални објекти во паркот.
Во процесот установата ќе ја користи донацијата од шпанската амбасада. Имено, минатата година НП „Галичица“ и Шпанската амбасада во Македонија започнаа соработка во која амбасадата и донираше на установата персонален компјутер со високи перформанси и софтвер за креирање на ортофотомозаични карти.
Подготвената дата база и креираните мапи НП „Галичица“ ќе ги проследи до сите релевантни институции во земјата.