НП Галичица нареден петок 27.12.2024 во Инфо Центарот на Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца, чија главна тема ќе биде изработката на новогодишни украси од природни материјали.
-Ова е повеќе од само работилница – ова е авантура која ги учи децата за природата, ги инспирира со креативност и ги обединува со другарчиња во празнично расположение, а во сето тоа ќе ни помогне нашата драга Симона Ангелоска @hurricane_full_of_joy, велат од установата.
Работилницата е наменета за деца од 7 до 10 годишна возраст, а сите посетители треба да се пријават најдоцна до 24-ти декември. За подетални информации заинтересираните лица можат да ги контактираат на е-маил taseska_angela@yahoo.com .