Skip to main content

ЈУНП Галичица

НП Галичица воведува вонредни патроли и поригорозна контрола на посетители на паркот

Активностите се насочени кон превенција од подметнување пожари и дел од нив ќе се изведуваат во соработка со Гранична полиција и други органи.
 |  инфодеск  | 
Галичица

ЈУНП Галичица сите расположливи екипи ќе ги насочи кон зачувување на шумата од пожари во паркот, 24 часа во денот. Ова доаѓа по пожарите во битолско изминатите денови кои биле подметнати и можноста да дојде до таква појава и на други места додека се трага по подметнувачите.

” Ќе има две вонредни патроли кои ќе патролираат на сите влезови на паркот како би се легитимирале и контролирале сите кои влегуваат во паркот на споредни влезови. Контролата на трите главни влезови, према Велестово, наплатна рампа Дервен како и наплатна рампа Царина ќе биде поригорозна со легитимирање на сите посетители. Во внатрешноста на паркот ќе има патроли за контрола на сите кои ќе бидат пресретнати и со или без возила и велосипеди.” – соопштуваат од НП Галичица.

Патролите на секои два часа ќе вршат посета на висински коти во паркот од каде би се приметила евентуална појава пожар кој не се приметува од пониските делови или од градот. Голем дел од овие активност вработените во паркот ќе ги изведуваат во соработка со Гранична полиција и други соодветни органи.