Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачја.
– Овие мерки имаат за цел да ја заштитат природата, да спречат пожари и да овозможат безбедно уживање во паркот за сите посетители. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот, велат од НП Галичица.
Инаку, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални шуми поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор ќе трае до 31. 08. 2025 година. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение. Преку електронска пријава посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот.