Претставата „Сопружници“ во петок пред охридската публика
Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Во претставата играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
Билетите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст