Нуркач спаси скап мобилен на турист во Охрид
Нуркачот Никола Паскали од Нуркачкиот Центар „Акватек“, нуркаше во потрага по мобилен телефон. Паскали бил повикан да помогне откако на гостин во Охрид му паднал скап мобилен телефон во езерото.
Паскали потрагата ја документира со видео на кое се гледаат велигденски јајца на дното од езерото.
„Низ крајбрежните делови има традиција велигденското јајце да се фрли во вода, за здравје, бериќет и плодна година. Пример некои го закопуваат во бавча. Има прикаски од постарите кои живееле покрај езеро, кога ќе фaтело големо невреме, јак југ, го фрлале во езеро велигденското јајцето кои стои на икона. Адети.„– вели Паскали.
Потрагата по телефонот завршила успешно.
Паскали на сите граѓани им ги честита Велигденските празници со неговата редовна еколошка порака:
ДА ГО ЧУВАМЕ ЕЗЕРОТО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ГОЛЕМ БЛАГОДЕТ Е ОВА ЕЗЕРО!