Нуркачите од „Амфора“ ја накитија новогодишната елка под вода
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора” традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.
| | Охрид
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора” традиционално, по 19-ти пат ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.
Тие на уникатен начин им ја честитаат Новата година и божикните празници на граѓаните на Македонија. Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници.