Skip to main content

Заштита на природата

Нуркачите на Амфора ќе ја следат состојбата на флората во Охридското Езеро

Седум нуркачи од Амфора се здобија со сертификати за заштита на природата од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од  Германија.
 |  инфодеск  | 
amfora nurkaci

Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата.

„Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување. Курсот го водеше SilkeOldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од  Сојузна Република Германија.“- информираат од Амфора.

Курсот  успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.

Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира и влезе во големото европско семејство за заштита на животната средина.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Низ секојдневните нуркања, нуркачите на Амфора ќе ја пратат состојбата на флората во Охридското Езеро и ќе алармираат пред се до Хидробиолошки завод и до NABU за одредени нарушувања.

За полесно препознавање на флората Амфора на поклон од NABU доби современ електронски микроскоп.

За реализација на курсот, Амфора доби голема поддршка од НУ Завод и музеј Охрид, Хидробиолошки завод и Општина Охрид.