Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид десеттина години во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари секоја вечер го следат мрестот на Охридската пастрмка.
Овој исконски ритуал кој се поврзува со самото настанување на езерото е привилегија за нуркачите од АМФОРА кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од 2 до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата.
Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел заштита на популацијата на Охридската пастрмка.