Нуркачи од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид учествуваа на еколошката акција за чистење на цврст отпад што се одржа во Дубровник, Хрватска.
Организатор на еколошката акција која оваа година се организира по 25-ти пат беше Нуркачкиот Центар „ABYSS“ од Дубровник.
Во овие акции со поддршка традиционално се вклучени Туристичката заедница на Хрватска, Општина Дубровник, хотелиери, Средно туристичко училиште Дубровник и голем број на организации кои акцијата финансиски ја поддржаа.
Одличен смештај, добра храна, дружење, размена на искуства, забава и прекрасни нуркања беа само дел од овој настан. Соработката меѓу Охрид и Дубровник продолжува – велат од Нуркачкиот клуб „Амфора“.
На акцијата учествуваа околу 150 нуркачи од повеќе земји, а нуркачите од „Амфора“ веќе 15 години се учесници на овие еколошки акции.