Skip to main content

Ќе се пренуркува Охридското езеро

Тајните на охридското езеро наскоро ќе бидат обелоденети пред јавноста. Три месеци ќе се нурка по неговото дно од Охрид до Албанија. Овој голем подводен подвиг ќе биде спроведен од страна на нуркачкиот клуб Амфора, а подржан од нивните колеги од соседната држава.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски.нуркачи


Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под вода за да добијат научните инстуции како што се Хидробиолошкито завод и Заводот и музеј податоци кои се од нивни интерес. Имајќи предвид дека езерото не е премногу истражувно досега, целта на проектот не ни е да го истражуваме, но во текот на нуркањето, сите податоци што ќе ги добиеме да можеме да ги пласираме, истакнува Секулоски.


Проектот ќе започне в сабота од Градското пристаниште во Охрид од каде Секулоски заедно со 50-тина нуркачи ќе се нурнат во водите на езерото. Од следниот ден секојдневно ќе има вакви подводни активности, а со Секулоски ќе нуркаат двајца-тројца негови колеги. Подводните активности ќе се изведуват во етапи почнувајќи од Охрид, преку Струга, се’ до Република Албанија, каде ќе ги  придружува нивниот албански колега Енрик Мато со група искусни нуркачи од Албанија.

Овој проект е голем предизвик за нас. Кај нас има многу малку искусни нуркачи, но јас долго нуркам и сум забележал дека и кај нас има подводни локалитети. Исто така сум забележал дека има и потонати објекти, а поголем проблем е што има и големо количество муниција во езерото од Втората светска војна. Во 1997 година имаше и фрлање на дополнително количество муниција, вели албанскиот нуркач Мато.ezero


За реализација на  оваа голема подводна активност нуркачите имаат поддршка од Министерството за одбрана, од полкот за специјални операции на АРМ, како и од МВР и Општина Охрид. Тука е и доктор Горан Балев со хипербаричната комора која ќе биде во приправност доколку затреба, додава меѓународниот нуркач, Секулоски. Тој објаснува дека се во одлична фора и дека секојдневно одржуваат кондиција, и во лето и во зима, зашто инаку, не би можеле да се впуштат во ваква голема подводна активност. Многу важна компонента за успешно спроведување на проектот е и опремата која секојдневно ќе се контролира, објаснува Секулоски.
Подводните активности во Охридското Езеро треба да завршат за околу четири месеци. Потоа планирано е да се направи документарна емисија за се она што се случувало под вода, како и изложба на подводни фотографии. Целокупниот проект е подржан од генералниот спонзор, „Пелистерка“.

{loadposition content9}