О.К на ВМРО-ДПМНЕ ги повика охриѓани да се приклучат на големиот народен собир во Скопје
Од комитетот порачаа дека граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците во Скопје за да покажат дека се за отворање на нови работни места, фабрики, училишта.
Јавен повик и покана до охриѓани да се приклучат на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник денес упатија од општинскиот комитет на партијата. Од комитетот порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ во понеделник, заедно со македонскиот народ, со сите свои браќа, албанци, турци, власи, роми, срби, бошњаци и сите други граѓани на Република Македонија, ќе упати повик за стабилна и силна Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите сограѓани, во понеделник ќе покаже дека како и секогаш досега се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија. Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците во Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја. Граѓаните ќе покажат дека се за отворање на нови работни места, за отворање на нови фабрики, училишта, за изградба на автопати, стадиони, патишта и др.“-рече Атанаско Михаилов, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Претседателот на комитетот, Атанаско Михаилов ги повика охриѓани да им се придружат во понеделник, на 18ти мај, во 20 часот во Скопје, и мирно и достоинствено да дадат поддршка за силна и стабилна Македонија.