О.О на СДСМ: „Отчетот на Бакрачески-партиски памфлет“
Според нив, локалната се обидува со најавување на нови проекти, да го прикрие неостварувањето на претходно ветеното.
Општинската организација на СДСМ, отчетот на градоначалникот Бакрачески го оквалификува како партиски памфлет за она што не чинело во минатото. На денешната прес конференција тие упатија остри критики околу содржината на презентираниот извештај на градоначалникот, за кој од СДСМ велат дека бил побаран пред два месеци, а презентиран дури сега и тоа поради жестокиот притисок од опозицијата.
„Она што веднаш паѓа в очи е првиот и најдолгиот дел од извештајот – сирова и субјективна партиска критика на поранешната локална власт – нешто што го слушаме по којзнае кој пат, бидејќи еве веќе цели 10 месеци оваа власт, на чело со градоначалникот, и не кажа ништо друго, туку само зборува само за работењето и за долговите од претходниот градоначалник. Јавноста очекуваше да слушне извештај за тоа што сработил овој градоначалник, а не претходниот. Но, намерата е провидна – со омаловажување и непризнавање на постигнатите резултати од претходната локална власт, да се најде алиби за сопствената немоќ и неспособност да се оствари тоа што беше ветено од оваа локална власт.“-рече портпаролот на О.О на СДСМ, Александар Кузески.
Според СДСМ, капиталните зафати со кои се пофалил градоначалникот биле само завршување на веќе започнати тековни работи од претходната локална власт.
„Како најзначајни проекти се прикажани стрелката и куќарката кај клучката на влезот на градот, неколкуте метри квадратни гранитни плочки кај старата библиотека, неколкуте културни манифестации што и пред тоа се одржуваа под други имиња, како и, цитираме, најголемиот дочек на Новата година на сите времиња на градскиот плоштад. Е па, навистина, човек да остане зачуден колку (под наводници) „нови и капитални“ проекти се реализирале. И како врв на се‘ – лизгалиштето, за чие крајно сомнително, неадекватно и незаконско поставување сеуште се одбива да се дискутира на седница на Советот на општината, како што тоа упорно го бара опозицијата, за јавноста да ги добие вистинските одговори. “-вели Кузески.
Од општинската организација на СДСМ со обвинувања до градоначалникот Бакрачески дека вработил партиски војници во локалната самоуправа како и дека наместо проектите кои што ги ветил, тој носел урбанистички планови за изградба на висококатници, вовел нови паркинзи низ градот. Според СДСМ, со најавените нови проекти, локалната власт се обидува да го прикрие неостварувањето на претходно ветените проекти.
{loadposition content9}