Обид младинските акции да се вратат на сцена
Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.
Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“. Стевоски е поранешен учесник во акцијашкиот клуб „Илинден“ и учествувал на 12 сојузни младински акции. Овој поранешен учесник на младински акции и неговите истомисленици се залагаат да го вратат духот на некогашните работни акции кај денешните млади луѓе. Стевоски потсетува на минатото кога несебично давале допринос за изградба на земјата, а покрај тоа се граделе како вистински личности со морални вредности, а стекнувале и работни навики.
„Тоа беше вистинска школа на животот, која во последно време фали на овие простори. Насилството стана навика, криминалците и насилниците станаа херои кај младите. Сакаме да го промениме тој тек и младите да ги вратиме на вистинскиот пат каде што ќе владеат моралните вредности и кодекс“.
Стевоски се навраќа на работната акција „Брег на младоста“ која се одржа во Охрид во 1984 и 1985 година. На работните акции учествувале 18 бригади од поранешните Ју-републики. Во тоа време бил изграден патот Охрид-Ресен и водоводната мрежа од Метропол до Охрид. Важно е да се спомене дека со работните акции не само во нашиот град, туку и во земајава, се изградени капитални објекти во Стрежево, Попова Шапка, Мариово, дел од автопатот Братство Единство во Македонија, потсетува Стевоски. Се надева дека оваа идеја ќе биде прифатена од денешните млади луѓе.
„ Живееме во друго време каде што матријалното е над духовното. Но, ние ќе се обидеме оваа идеја да ја возобновиме. Интерес за обновување на работните акции има и во поранешните ЈУ Републики“.
Основањето на Здружението „Брег на младоста“ ќе биде на 9 јуни. Стевоски ги поканува да присуствуваат сите учесници на работните акции од 1945 година до 1990, од младинските бригади „Илинден“, „Дебрца“ и Брег на младоста“.
{loadposition content9}