Skip to main content

Обид за убиство во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

policijaПоради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево.

Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово.

Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тука, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел од живот да го лиши СФ. (19) нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото на настанот и го оставил повредениот.

На овј настан му претходела средба на притворениот С.А. со повредениот С.Ф. по што настанала жестока вербална расправија односно караница во која во еден момент се случил нападот и нанесувањето на убодните рани. Набрзо на повредениот С.Ф. укажана му е медицинска помош во општата болница во Кичево а С.А. со брза интервенција на полициските службеници е пронајден.
Полициската станица од Кичево презема дополнителни мерки за реализација на овој случај.   

{loadposition content9}