Skip to main content

Центар за управување со кризи

Обилнитe дождови предизвикаа покачени водостоји, излевања и поплави во повеќе региони – ЦУК апелира за претпазливост

ЦУК: Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
 |  инфодеск  |  ,

Од Центарот за информирање со кризи информираат дека поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.

Во Охридскиот регион забележани се значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река. Забележан е висок водостој на реката Сатеска и препорачуваат зголемено внимание.

-Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата. Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК, велат од Центарот.

Инаку, од АМСМ информираат дека на патниот правец Охрид-Св. Наум после хотел Метропол на самиот коловоз имало голем камен кој претставува опасност по учесниците во сообрајќајот, во моментов проодна е една коловозна лента од правец од Охрид према Св. Наум, додека на делот од стовариште „Митко“, каде десната коловозна лента во правец на Охрид беше поплавена, од 7.30 часот утринава е прооден.