Објаснување за замената на дрворедите на „Партизанска“
Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска„ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот.

Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи.
Деградираните стебла од липи се во фаза на одмината старост и век на живеење и претставуваат опасност по пешаците, сообраќајот и околните објекти. Со своите длабоки и широки корења го деформираат тротоарот, асфалтот и подземната инфраструктура.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ не врши уништување на зеленилото во градот туку само замена на постоечкиот многу стар дрворед. Тоа еднаш мора да се случи, а колку побрзо тоа подобро, што е во интерес на сите граѓани.
Реконструкцијата на дрворедот е сложена операција која се изведува во повеќе фази со која ќе се засадат декоративни лигуструми кои се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длабок корен.
{loadposition content9}