Објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, во соработка со Општина Охрид и Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, вечерва беше премиерно објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“.
Автор и директор на фотографија на филмот е Бојан Симјаноски, кој воедно ја потпишува и видео монтажата, колор корекцијата и дизајнот на звук. Музиката е на Горан Трајкоски (ГОТРА), а во филмот е вклучен и настап на Митрополитскиот хор „Св. ап. Ерм“ со изведба на Тропарот на Богојавление.
Во снимањето учествуваа Никола Наумоски, Маја Наумоска и Александар Николоски, додека дрон-снимките се дело на Никола Наумоски. Филмот е продуциран од Здружението „Богојавление Водици“, Охрид.
-Документарниот филм за Водици ја следи традицијата на празникот низ призма на верата, заедништвото и личните доживувања на учесниците. Преку автентични сцени, филмот ја доловува симболиката на осветената вода и значењето на овој обред во современиот живот, зачувувајќи ја врската меѓу минатото и сегашноста, велат од здружението „Богојавление Водици“, Охрид.
Филмот може да се проследи на нивната Фејсбук страна.