Skip to main content

ЈП Градски пазар – Охрид

Објавен оглас за локации на тезги за продажба на сувенири во Стар град

Пријавите заинтересираните треба да ги достават најдоцна до 26.05.2023 год. во 12.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Охрид

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, продажба на сувенири на 10 локации во Стар град.
Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат: на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации, пред влезот во “Плаошник” – вкупно 4 локации, и една локација пред влезот на “Амфитеатар”. Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2023 до 15.09.2023 година.

Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице со регистрирано деловно седиште во општина Охрид (и кое не е во постапка за стечај или ликвидација) и физичко лице, жител на општина Охрид, а кои немаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

Пријавите заинтересираните треба да ги достават најдоцна до 26.05.2023 год. во 12.00 часот.
Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.