Skip to main content

Општина Охрид

Објавен огласот за издавање локации за продажба на сладолед, слики и книги

Понудите да се достават најдоцна до 26.06.2023 г во 12.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Охрид Кеј Фото: Ѓоко Симјаноски

Општина Охрид објави оглас за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема за комерцијална намена.

Се издаваат :

  • 14 локации за поставување фрижидери за продажба на сладолед по должината на Kej„Македонија“, на плоштад „Крушевска Република“, на ул.,,Климент Охридски,, и на патеката од„Канал Студенчишта кон хотел Парк“. На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2.
  • 5 локации за поставување урбана опрема за продажба на книги меѓу трговскиот центар “Амам “ и угостителскиот комплекс “Летница“ по тротоарот на улица Македонски просветители.
    Продажбата на книги ќе се извршува на урбана опрема со димензии 4м2.
  • 4 локации за поставување урбана опрема за продажба на уметнички слики на малиот плоштад кај Долна Порта.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2023 година.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена

Понудите да се достават најдоцна до 26.06.2023 г во 12.00 часот.
Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема и Образецот на понуда заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 12.00-13.00 часот во просториите на архивата на Општина Охрид.

Огласот и образец за Понуда може да се најде ТУКА.