Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид и Извештајот за извршена процена бр.01-254/1 од 09.05.2023, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објави ОГЛАС бр. 5/2023
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ.
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт на Кеј Македонија. Просторот за поставување на урбаната опрема се издава со намена продажба на храна и сувенири . Просторот за поставување на урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 01.06.2023 до 30.09.2023 година.
Право на учество на јавниот повик за изнајмување на простор за поставување на урбана опрема има секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација и Физичко лице кое е жител на општина Охрид.
Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 17.05.2023 година (среда) до 12:00 часот.
Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
Јавниот оглас можете да го прочитате ТУКА.