Skip to main content

Oбјавена книгата  „Охридска урбана иконографија“ од  Викторија Поп Стефанија

Најновиот туд на  Поп Стефанија, објавен постхумно, го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините  претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.
 |  инфодеск  | 

Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата  „Охридска урбана иконографија“ од  Викторија Поп Стефанија  чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

Најновиот туд на  Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините  претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.

Книгата е објавена во тираж од 150 примероци.  Содржината напишана на околу 200 страници  и е поделена во неколку поглавја во кои се следи историската хронологија и периодизација  на Охрид како „богоодбран топос“.

Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, рецизент е Елизабета Шелева, јазичната редакција е на Даниела Угриноска, а техничкото уредување на Дамјан Поп Стефанија.   

Викторија  Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка  и публицистка од областа на теоријата на  историјата на архитектурата. Таа  е бележит национален архитект  со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан„ во Охрид, хотелот „Молика“ на  Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации  за воздигнување на храмовите: Св. Димитриј Солунски, Св. Григориј Палама  во Струмица, Св. Прохор Пчински  во Мелбурн – Австралија, Св. Богородица во Демир Хисар.

Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации. 

Викторија Поп – Стефанија почина неодамна во Охрид.