Skip to main content

Објавени хотелите во кои ќе се користат ваучерите за туризам

Министерството за економија ја објави листата на хотели каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор.

 |   | 

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември годинава.

Целосната листа можете да ја видите на овој линк.