По повод 21-ви февруари „Меѓународен ден на мајчиниот јазик” Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик”, за средношколци на ниво на Охрид, во проза или поезија.
Поради помалиот број на пристигнати творби стручната комисија составена од: поетот и проф. Славе Ѓорѓо Димоски (претседател на комисијата); поетесата и професорка Марина Икономева-Шокева и претставник на МЦО – Јован Цветкоски; одлучија да се доделат по 2 награди во двете категории. Наградените творби се под следните шифри:
Поезија:
1. 22012004, 18 години
2. Везилка04, 18 години
Проза:
1. ехор00 А1, 17 год.
2. Потомец 16 год.
На наградените ќе им бидат доделени книги од издавачката куќа на ПНВ Публикации; диплома за освоено место, како и картичка за попуст „Охриѓанка” на првите места за цела година, на вторите места за наредните 3 месеци.
Им се заблагодаруваме на пријавените, се надеваме догодина ќе се зголемува бројот, и ова нека биде еден вид мотивација за останатите, па ги повикуваме и тие да дојдат да бидат присутни во вторник на настанот, да ги претстават своите творби – велат од Младинскиот центар Охрид.
Во текот на ден понеделник, наградените ќе мора да го докажат своето авторство, на нашиот email contact@mco.mk.
Наградите ќе бидат доделени во склоп на настанот повод 21-ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик во вторник во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна).