Објавени протоколите за гласање на денот на изборите
Заради состојбата со Ковид-19 овој изборен циклус ќе се реализира во специфични услови. На 13-ти јули ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, а на 14-ти јули болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор. Гласањето ќе се пролонгира за 2 часа и наместо во 7 гласачките места ќе бидат затворени во 21 часот.
Познати протоколите кои треба да се применат на денот на гласањето на 15 јули. Заради состојбата со Ковид-19 овој изборен циклус ќе се реализира во специфични услови. Од ДИК, денес ги објавија задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес. Сите избирачки места во земјава ќе бидат дезинфицирани. На денот на гласањето секој гласач е должен да одржува растојание од метар и пол до два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место и во самото гласачко место.
Пред влегување на гласачките места, гласачите се должни да ги дезинфицираат рацете и да имаат заштитна маска и треба да носат заштитни ракавици. Без почитување на овие мерки на ниеден гласач нема да му биде дозволено да влезе на гласачкото место. Гласачот е должен при идентификацијата на избирачкото место на кратко да ја извади маската за избирачкиот одбор да го утврди идентитетот. Рацете ќе треба да се дезифинцираат при влегување и излегување од гласачкото место.
Избирачките одбори, пак во просторијата се должни да седат на растојание од метар до метар и половина,постојано да носат заштитна маска и ракавици.
Кампањата завршува на 12-ти јули на полноќ со што почнува предизборниот молк.Претходно на 13-ти јули ќе гласаат лицата заболени од Ковид-19 и оние кои се во самоизолација, а на 14-ти јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор. На денот на гласањето на парламентраните избори гласањето ќе почне во 07:00 часот наутро, а поради актуелната состојбаќе биде продолжено и ќе трае до 21.00 часот.