Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2 . Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието.
Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд со пораст на дневните температури кои и во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.
Во Охрид температурите во интервал од 10 до 13 степени Целзиусови.