Денес во Македонија претпладне променливо облачно време со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.
Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: На почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни утре во северозападните делови, а во понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот.