УХМР
Облачно со врнежи од дожд денеска во Охрид
Максималната дневна температура ќе се искачи до 17 степени.
Oблачно време со повремени врнежи од дожд денеска во Македонија. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната дневна ќе се искачи до 17 степени.
Во Македонија од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст.


