Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.
Во 24 часа(до 7 часот утрово) во Охрид наврнале 20 л/м2 воден талог.
Во понеделник во Македонија ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.