Skip to main content

Временска прогноза

Облачно со врнежи од дожд и во следните два дена

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.
 |  инфодеск  | 
Охридска чаршија врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде од – 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.