
Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.
Денеска се очекува продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 70 км/часот) и температурите значително ќе опаднат.
Утре со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, информираат од УХМР.