УХМР
Облачно со повремени врнежи од дожд
Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.
Облачно, со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, ќе биде времето денеска во Охрид. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.
Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер.
Преодно стабилизирање на времето во Македонија ќе има во четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.


