Skip to main content

Временска прогноза

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.
 |  инфодеск  | 
Облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури беа во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.