УХМР
Облачно со врнежи од дожд и температура до 14 степени
Викендов не очекува облачно и посвежо време со врнежи од дожд. Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, соопшти УХМР.
Oблачно и свежо време со врнежи од дожд не очекува денеска во Охрид. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. По утринските 12 степени во текот на денот температурата ќе се искачи до 14тиот степен.
Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.