hdr
Денеска во Охрид облачно со врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Максималната дневна температура до 21 степен.
Од УХМР предупредување дека денес ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.