ОБНОВЕНО – Денес во Охрид регистрирани два нови случаи со Ковид 19, а во Струга еден
Во ЦЈЗ, во текот на вчерашниот и денешниот ден, земени се брисеви од 40 лица од Охрид и Струга.
Во Охрид од 5 јуни до денес се потврдени 11 нови случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се детектира каде се заразиле. Во Охрид од петокот до денес имаме 11 активни случаи, од кои еден е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување.
„Очекуваме поголема група на тестирани од вчера и денес, очекуваме да стигнат резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи, најмногу двајца случаи позитивни се поврзани, а останатите се поединечни случаи и не може да зборуваме во овој момент за кластер. Кога ќе се истражат сите контакти и ќе се знае статусот дали се позитивни, ќе имаме детални информации“.
Засега од ЦЈЗ Охрид нема одговор како тројца од вчерашните 4 случаи го добиле вирусот, дали се поврзани со некој кластер и кои им биле контактите.
„Еден од овие 4 случаи е поврзан со претходен нов случај. Другите случаи поединечно ги добиле од движење од различни места, контакти од продавници, угостителски објекти, движење низ градот. Не можеме да најдеме од кое место. Има многу случи луѓе кои се асимптоматски носители, а не ги почитуваат мерките кои ги препорачуваме носење заштитна маска, избегнување контакти и држење дистанца од 2 метри. Избегнување собири и групирања, да се сведат контактите на минимум, хигиена и дезинфекција“.
Преку 40 лица во текот на денов и вчера се тестирани од Охрид и Струга. За луѓето што се тестирани вчера до овој момент не се стигнати резулататите. Како ќе стигнуваат така ќе се обработуваат и објавуваат, вели Точков.