Општина Охрид доделува по 6.000 денари за студенти од семејства со социјален ризик

Општина Охрид објави јавен повик за доделување еднократна парична помош од 6.000 денари за студенти кои студираат надвор од Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, за академската 2026/2027 година.
Право на аплицирање имаат редовни студенти жители на Охрид, запишани на универзитети оддалечени најмалку 60 километри од градот, кои не повторувале година и не користат стипендија или кредит од друга институција или компанија.
Предност ќе имаат студентите од многудетни и еднородителски семејства, децата без родители, студентите од семејства со ниски примања или корисници на социјална помош, како и оние во чии семејства има лица со попреченост или ретки болести.
Заинтересираните студенти треба да достават пријава и потребната документација по пошта на адреса Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, или лично во општинската архива.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 4 декември 2026 година. Нецелосните и ненавремено доставените пријави нема да бидат разгледувани.
Јавниот повик, правилникот и Изјава можете да најдете на следниот линк: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК – ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК ЗА СТУДЕНТИ КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД СЕМЕЈСТВА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК И СТУДИРААТ НАДВОР ОД ОПШТИНА ОХРИД ЗА АКАДЕМСКАТА 2026/2027 ГОДИНА – Ohrid.gov.mk








