Skip to main content

Образование

Oбразовни предизвици во земјава и регионот

Одбележан јубилеј 75 години од формирањето на Педагошкиот институт во Македонија. По тој повод одржана Меѓународна конференција на која беа дискутирани теми од образовните предизвици во земјава и регионот. Покрај последиците од пандемијата, како алармантна состојба е посочена масовната миграција на младите од регионов и Европа.
 |  Валентина Неловска  | 
образовни предиавици

Одбележан јубилеј 75 години од формирањето на Педагошкиот институт во Македонија. Институтот во своето 75 годишно постоење па досега има постигнато значајни придонеси во образованието , а со наставно, научно-истражувачката работа го збогатува општествениот и јавниот живот на нашата земја, истакна Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици“.

Институтот досега има дадено значаен придонес во таа насока. Се надевам дека со Министерсвото за наука и образование, со Институтот, Факултетот, Универзитетот УКИМ ќе продолжат подобри и поефикасни резултати во високото образование“– рече Шаќири.

Образованието е столб на државата и без следење на предизвиците кои ги носи новото време не може да постои едно општество, истакна “, Проф.д-р Ратко Дуев, деканот на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј на Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици.

Кога науката зборува за проблемите во една област, а тоа ќе стане пракса, само така ќе дојдеме до едно поквалитетно образование и поквалитетен развој на нашите најмлади. Постојано ги прифаќаме искуствата на поразвиените држави во образованието, проблемот е што регионално се соочуваме со еден поголем проблем за кој малку се зборува, а тоа е масовната миграција на младите. Последните 10 години имаме 40% помалку матуранти, така што покрај пандемијата, ова е еден голем предизвик за образованието, зошто доколку не го решиме тој предизвик ние не можеме да зборуваме за перспективи“- подвлече Проф. д-р Дуев.

Ректорот на УКИМ, Проф. д-р Никола Јанкуловски истакна дека педагошката дејност претставува основна движечка сила во едно општество и во образовните процеси во секоја земја. Педагозите, постојнао се справуваат со предизвици и промени, реформи што настануваат во оваа дејност треба да одат преку нив. Тоа е процес кој треба заедно покрај универзитетот и државата да вложат напори за кадровска политика и логистика и поддршка на педагошката дејност,напомена Проф.д-р Јанкуловски.

„За едно општество да биде развиено и унапредено со сите свои дејности треба педагозите да имаат клучна улога за натамошниот квалитет на образованието. УКИМ секогаш прави максимални заложби да го подигне квалитетот на образованието и образовниот систем во нашата земја. Секогаш се трудиме да ги зголемиме нашите капацитети да се покачат стандардите за образованието и на тој начин да се постигне максимално еден образовен систем во кој сите наставници, воспитувачи педагози максимално да бидат добро едуцирани од студентските денови, понатаму да бидат надградувани во својата професија“, подвлече Проф. д-р Јанкуловски.

Раководителот на Институтот за педагогија, Проф.д-р Елизабета Томевска-Илиевска се осврна на развојот на најстарата високообразовна институција во Македонија по ослободувањето, која образува со децении педагози, воспитувачи и наставници.

„Образованието е широка проблематика , со мултидисциплинарен тим, односно професори и теми кои доаѓаат од педагогијата, психологијата, специјалната едукација, археологија, здравствено и физичко образование, уметности … и притоа мораме да кажеме дека ние сеопфатно го третираме комплетниот образовен систем во државата, што значи ќе имаме теми на кои ќе зборуваме ќе се споредуваме да видиме какви се истражувањата и од поразвиените образовни системи кон кои ние се стремиме“ – истакна Томевска-Илиевска.

Општина Охрид потпиша меморандум за соработка со Физлофскито факултет за поддршка на Меѓунарoдната конференција. Градоначалникот, Кирил Пецаков, упати честитики за одржувањето на овој академски собир , а кажа дека за Охрид има голема симболика.

Ова е центар на словенската писменост и култура. Ова е духовно светилиште на Свети Климент и Свети Наум, место кое низ својата долговековна историја израсналa повеќе личности кои играле важна улога во афирмацијата на просветителството и оставиле белег на своето време“– рече Пецаков, градоначалникот на општина Охрид.

Меѓународната конференција се одржува под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.
На научната конференција ќе се дискутира за образовните случувања во Македонија, ќе се разгледаат прашања и теми од областа на педагогијата и образованието, а ќе се донесат препораки за поквалитетен воспитно-образовен систем.
На конференцијата учествуваат над 200 професори и педагози од вкупно 21 земја.