Skip to main content

Обучени туристичките водичи од Охрид и Струга

Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област.

blagodarnica
благодарница

Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област.

Naume MarinoskiТуристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности  беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните активности како практична обука во туризмот ги презентираше, Проф. Софроние Миладиноски. „Оваа практична обука беше продолжение на курсот кој туристичките водичи го завршиле. На овој начин тие добија можност изворно да се запознаат со определени содржини кои во текот на подготвувањето на испитот и полагањето за туристички водич не беа во можност потполно да ги согледаат.  На пр. некои феномени, како „сешот“ или отсеците, абразиите постоење на 900м. тераси и сл. за сигурно дека обичните водичи не можеа да го имаат во предвид при своите презентации“, вели Проф. Науме Мариноски, шеф на катедра за туризам.

Лицата кои беа на практичните обуки, присуствуваа на локалитетите кои ги содржат ваквите феномени за изворно да се запознаат со нив, па потоа знаењето да го презентираат пред туристичката публика. „Ова беше еден успешен обид да се презентираат туристичките вредности, на само во Охрид и Скопје, туку според предвидувањето на проектот и другите средини да бидат опфатени со вакви обуки“, вели проф. Мариноски. По спроведената обука тој смета дека туристичките водичи може да се поделат на две групи: поискусни, кои подлабоко навлегле во проблематиката и оние кои се на почетокот на својот развој. И едните и другите ќе можат да ги исполнат очекувањата, со посетување на ваков вид на обуки. „Водењето претставува презентација која има ниво на Амбасадор на определен простор. Тие кои ги водат туристите се застапници и за РМ и за регионите низ кои водат. Затоа сметам дека е од круцијална важност како се води. Затоа ставаме акцент на практичното покажување на туристичкото водење што во подолг временски интервал кај нас не беше земено во прдвид“, вели проф. Мариноски.

Размената на знаењата кои професорите ги имаат и знаењата кои самите туристички водичи ги поседуваат меѓусебно, е основната цел на оваа обука. Голема улога има начинот на презентирање на материјалот. Овој вид на обуки ќе продоли да се спроведува во подолг временски интервал. Очекувањата на експертите се дека од нив ќе произлезат низа позитивни резултати и како крајна цел ќе бидат потенцирани природните  и антропогени туристички вредности на Охрид.


{loadposition content9}