Skip to main content

Програма сина храброст

Обука на полициски службеници од СВР Охрид

Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Денеска, (01.12.2022) во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „Запад” во Охрид започна дводневната обука на полициските службеници од СВР Охрид што ја спроведува тим од полициски инструктори од програмата „Сина храброст”, што се реализира преку ИЦИТАП – програмата при Амбасадата на САД во РСМ.

Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници. Притоа, од страна на инструкторите најмногу внимание се посвети на полициското работење односно на примарниот факт дека самата организација на полициското работење и нејзините припадници треба да имаат цврсто втемелени професионални и лични стандарди и вредности за интегритет, храброст и карактер – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Целта на овие обуки е насочена кон квалитативно зголемување на подготвеноста на полициските службеници за справување со сите видови и форми на предизвици со кои тие секојдневно се соочени при извршувањето на својата должност, а со неа ќе бидат опфатени сите полициски службеници во РСМ.