Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид го најавува новиот курс за обука на спасители на отворени води кој ќе се одржи од 21.06. до 28.06.2026 година.
Кандидатите треба да имаат најмалку 17 години (на денот на започнување на курсот), да се добро психо-физички подготвeни и знаат да пливаат, како и да достават потврда за здравствена способност за извршување на спортски активности, издадена од матичен лекар.

–Пред почетокот на теоретската и практичната обука, кандидатите ќе подлежат на влезни норми (пливање и нуркање). Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода според меѓународните стандарди на International Life Saving (ILS). Кантидатите ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат, ќе можат да работат во текот на летната сезона и ќе гразвијат вештините за прва помош и спасување кои спасуваат животи, посочуваат од Црвен Крст.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 15.06.2026 година.
Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 079 350 639 или на емаил адресата redcrossohrid@watersafetycentre.mk и веб страната watersafetycentre.mk.







