Skip to main content

Клуб на млади

Обука за прва помош во Црвен крст Охрид

На обуката за прва помош се обучија 30 млади лица. Тие сега се дел од тимот на прва помош на Црвен крст Охрид за активностите кои следат.
 |  инфодеск  | 
Прва помош

Во текот на изминатиот викенд се одржа обука за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид.

Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која се обучија 30 млади, сега дел од тимот на прва помош на Црвен крст Охрид на активностите кои следат.

Прва помош

Младите се обучија како да укажат основна прва помош и да препознаат за каква повреда се работи : СБО, крварење, изгореници и смрзнатини, скршеници, како и некои специфични повреди. Дополнително во склоп на обуката се одржаа и работилници за укажување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од страна на тренерите Ранко Раткушиноски и Катерина Наумоска, со што младите се стекнаа со поголемо знаење за како да се справат со ситуациите на терен – информираат од Црвен крст Охрид.

Прва помош
Прва помош
Прва помош