Skip to main content

Обука за сметководители во Охрид

Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Регистрација, дерегистрација и измена на даночен период за цели на ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 22-ри јануари 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
ujp

ujpНа бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.

Управата за Јавни приходи денеска во Даночното одделение во Охрид ќе организира Обука за регистрација и паушално оданочување за охридските земјоделци.