Општина Охрид организира обука за женско претприемништво

Согласно годишната програма на Одделението за Лолкален економски развој, Општина Охрид на 1-ви Октомври започнува со петдневна стручна обука за жени претприемачи. Обуките ќе ги реализираат стручни лица од World Smart Education.
Пријавувањето е во период од 15.09 до 25. 09 2026г. на телефонскиот број 070 841 266 и на електронската адреса worldsmarteducation@yahoo.com
По обуките жените кои ќе бидат дел од проектот се стекнуваат со практични знаења и вештини за претприемништво, ќе разменуваат искуства и бизнис идеи и ќе добијат сертификат за завршена обука.
Со проектот Општина Охрид продолжува со спроведување на мерките предвидени во Стратегијата за поддршка на женското претприемништво, со цел создавање поволни услови за развој и афирмација на жените во бизнис- секторот.




