Skip to main content

Обуки за гранична контрола во Охрид

Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици.

 |  Голабовски Крсте  | 
granicar

granicarЦелта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ.

Обуките ќе бидат спроведени од страна на обучените полицајци, под водство и со поддршка на меѓународните експерти. Како што е најавено, во иднина ќе се организираат и редовни обуки за граничните полицајци на работното место.