Skip to main content

По обвинувањата се огласи и ОО на СДСМ

Нема крај на политичките препукувања.

 |  Маленкова Татјана  | 
naum_cakar_jovanoski
Наум Јованоски чакар

Претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски, на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ го преведе како „ДНО“ на политичката и воопшто човечката комуникација. Тој  обвини дека човек не може да поверува до кои граници може да оди фрустрацијата, приземноста и некултурата на една партија, поточно како што кажа на таканаречени политичари кои во Охрид ја претставуваат Партијата која шест и пол години е на власт во Република Македонија. Јованоски крајно разочаран по вчерашните обвинувања од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Михаилов кој во изјавата пред општинската зграда изјави дека градоначалникот поточно локалната троши големи пари и се прават сомнителни бизниси, а sdsm ohridграѓаните од тоа немаат никаква полза туку само штета. Јованоски на ова со контра одговор. Тој рече дека несватливо е легитимно избран градоначалник, за кого гласале повеќе од 18 000 граѓани накој да го нарекува со имиња кои се недолични и за најдолните уличари. Јованоски уште каже дека од ВМРО ДПМНЕ пред да бараат одговори каде и колку пари потрошил градоначалникот треба да обелодени и одговори на многу прашања:
„Каде потроши 15 милијарди евра за овие шест години,а притоа не направи ниту еден енергетски обејкт, ниту еден километар автопат, ниту еден метар железничка пруга, Зошто двојно го зголеми вкупниот долг на Република Македонија и сега секој нејзин граѓанин, тука вклучувајќи го и секое новороденче, должи по 2000 евра?
Колку милијарди евра потрошивте за лажен увоз на струја?
Колку стотици милиони евра потрошивте за лавови,коњи, панорамски тркала, врби, плажи и бродови?
Колку стотици милиони евра потрошивте за реклами“, запраша претседател на ОО на СДСМ, Наум Јованоски.
Претседателот на СДСМ и на денешната пресс конференција не пропушти да проговори за најголемиот проблем на охриѓани, реконструкцијата на општата болница во Охрид но и да запраша каде и колку пари бесцелно се потрошија за нешто што сеуште го немаме.
„Колку милиони евра ја почестивте бугарската фирма за реконструкција на болницата, а цели две години граѓаните на Охрид ги оставивте да умираат по патиштата од една до друга боница низ Македонија“, запраша Јованоски.
Почитувани таканаречени политичари, додаде Јованоски, Само тогаш кога ќе одговорите на овие прашања и само тогаш кога ќе научите цивилизирано да комуницирате , ќе имате и политички и човечки кредибилитет да поставувате прашања на други.

{loadposition content9}