Skip to main content

ЈП Охридски комуналец

Од 10-ти мај Охридски комуналец започнува со акциите за подигнување кабаст и зелен отпад

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.
 |  инфодеск  | 

ЈП „Охридски комуналец“ го објави календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Акциите за подигнување кабаст и зелен отпад започнуваат од 10.05.2024 год. Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.

– На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот, велат од јавното претпријатие.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации да се јават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот