Skip to main content

НУ Библиотека „Григор Прличев“

Од 2 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ отворена за читателите од 8.30 до 18.30

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 14 часот.
 |  инфодеск  | 
Библиотека Охрид

Со почетокот на учебната година од понеделник 2 септември со одлука на Управниот одбор се враќа стандардното работно време на Библиотеката со читателите.

Од понеделник до петок пултот за зајмување ќе биде отворен од 8.30 до 18.30 часот.

-Како и досега читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите, се вели во соопштението од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 14 часот.

Годишната членарина ќе има иста цена, 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.