Skip to main content

Од алкохолизмот има излез, со силна волја и поддршка од семејството

Од алкохолизмот има излез, со силна волја и поддршка од семејството .

 |  Валентина Неловска  | 
obuka
obuka

Младите да ја разберат вистината за алкохолизмот, порачува  Владимир Панзов  меѓународен едукатор за алкохолизам и семеен едукатор за алкохолизам. Не зборуваме за штетните последици од алкохолот туку ја гледаме светлата страна по оставањето на алкохолот, нагласува Панзов.  Објаснуваме што го чека поединецот алкохоличар по апстиненцијата, во семејсвото, на работа и во општеството, додава меѓународниот едукатор и претседател на здружението „ Здрав живот“.  

„ Ние преку светлата презентација и успешните приказни каде поранешните алкохоличари станале бизнсимени, водители или актери кои го смениле начинот на живот во позитива од негатива докажува дека излез има од алкохолот. Не е се така црно, на тунелот има светло само треба многу работа и поддршка од семејството.“
alkoholizam
Работилницата  ја организира ОО Црвен крст на тема алкохолизмот и начинот на кој семејството ја дава поддршката. Неа  ја посетуваат млади од 14 до 25 години кои ќе се едуцираат во насока колку е важно семејството во поддршка на членот  кој решил да престане со штетното користење на алкохолот. Младите ќе можат да се стекнат со соодветни знаења за кои дополнително ќе се стекнат со  сертификати, нагласува Младен Божиноски волонтер од ОО Црвен крст.


„ Истото знаење и вештини кои ќе ги стекнат на работилницата за борба против алкохолизмот  ќе имаат можност да го пренесат стекнатото знаење на своите врсници. Тие ќе прават врсничка едукација во средината во која делуваат. Неколкумина од нив по завршување на целиот циклус на работилницата ќе имаат можност да одат на размена на среношколции студенти на едукативен тренинг камп во Италија.“  

Работилницата која се одржува во Црвениот крст е  втора од планираните 4 обуки. Во моментов има 30 тина млади  волонтери кои ја посетуваат  обуката, а вратите на Црвен крст се отворени за сите граѓани кои имаат желба да се вклучат во активностите на Црвениот крст, порачуваат од оваа општинска  организација.

{loadposition content9}