Под мотото „Од деца за деца“, ќе се одржи хуманитарниот турнир „Street basket 3×3“. Турнирот е во организација на „Македонски темплари“.
Хуманитарниот турнир е закажан за 26 јуни, а ќе се одржи во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во Охрид.
Учеството на екипа чини 600 ден, а парите се наменети за Центарот со аутизам во Охрид.